Живи заѕидани – им градат зграда на половина метар од прозорците (Фото)


Станарите на заграда на Првомајска улица број 95 во Земун, верувале или не, се заѕидани во сопсвените станови. Проблемот е во тоа што на половина метар од нивната зграда била подигната нова зграда, поради која речиси воопшто нема дневно светло во нивните домови.

Според нивните зборови, ниедна од жалбите на надлежните не вродила со плод. Објектот кој најверојатно е дивоградба, изникнал во рок од три недели и според зборовите на една од станарките, загрозува 6 семејства.

Објектот бил изграден на место на куќа која претходно изгорела. Откако почнало реновирањето, започнале невољите на станарите на соседната зграда, откако увиделе дека на истото место се гради комплетно нов објект.

Според нив вавкиот објект се гради без никаква дозвола и не само што ги загрозува нивните семејства, туку загрозени се и животите на самите работници, поради необезбедните адекватни мерки за заштита при градењето.

Голема количина на бетон завршила и по прозорите на соседната зграда. Доколку се продолжи со градбата, станарите од првиот кат ќе немаат никаква дневна светлина. Граѓаните се пожалиле до Градежната инспекција на општината.

По големиот број на неуспешни интервенции да се прекине со изградбата, од страна на инспекциите, граѓаните се обидувале да стигнат до главните градски инспектори кои пак се правдале дека поради зголемениот обем на работа, нивните инспектори не можеле да постигнат секаде да стигнат со интервенциите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1