ЖИВО: Илјадници граѓани на улиците во Белград го поздравуваат Путин


Огромен број на граѓани од цела Србија попладнево излегоа на улиците низ Белград во знак на поддршка на претседателот на Русија, Владимир Путин кој денеска пристигна за да се сретне со својот српски колега Александар Вучиќ.

Ова е атмосферата во живо:



Граѓаните што шетаат низ главниот град на Србија носат транспаренти „Спасиба пресидент“ и „За слободна и пристојна Србија“.

Претседателот на Србија , Вучиќ му рекол на рускиот претседател Путин откако го прими орденот „Александар Невски“, дека на улиците низ Белград го чекаат огромен број на граѓани.

Добив информација дека на улиците низ Белград веќе има 30 илјади луѓе кои дошле да ве поздрават, а уште луѓе и пристигнуваат, му рече Вучиќ на Путин.

На чело на колоната граѓани носат транспарент „Еден од 300 милиони“, транспаренти со сликите на рускиот и српскиот претседател, како и „Србија-Русија вечни пријатели“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1