Живо – Погребот на челичната лејди Маргарет Тачер


tacer2

Велика Британија денеска ќе се прости од покојната премиерка Маргарет Тачер во присуство на повеќе од 2.000 светски државници.

Погребната церемонија на Челичната Лејди е најголема почест која е дадена на еден официјален претставник во новата историја на Британија. Со одлука на британската кралица да присуствува на погребот, таа церемонија е практично издигната во ранг на погреб со државни почести, а таа чест не е дадена на ниту еден политичар од смртта на Винстон Черчил во 1965 година.

Истовремено, лондонската полиција се подготвува за протести најавени за време на погребот.

Противниците најавија дека ќе фрлаат врз нејзиниот ковчег јајца, јаглен и млеко ако успеат доволно да се приближат или само ќе свртат грб на погребната поворка облечени во црвени маици со цел да покажат непочитување пред милионскиот тв-аудиториум.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1