Принцезата Беатрис од Јорк нема работа откако дала отказ во „Сони“, а откако во јавноста протече информацијата дека за својата работа како асистентка прима плата од 20.000 фунти (околу 28.000 евра).
Внуката на британската кралица Елизабета има богато момче банкар и моќно семејство зад себе. Деновите ги поминува уживајќи на патувањата, во луксузните хотели. Оние што ја познаваат тврдат дека мора да пронајде работа и смисла во животот.
Иако е принцеза, се чини дека нејзиното детство и растење не биле нималку лесни. Кога имала само осум години нејзината мајка Сара Фергусон првпат ја ставила на строга диета. Ќерката на принцот Ендру и Сара Фергусон живеела со родителите кои биле пред развод.
По разводот, мајката на Беатрис, Сара останала без финансиите што ги добивала од кралското семејство и морала да побара работа. Рекламирала производи за слабеење.
По извесно време своето внимание го насочила кон Беатрис, тврдејќи дека е премногу дебела. Беатрис од мали нозе била во центарот на вниманието на јавноста и медиумите. Се дебатирало за секој нејзин потег, но и за секој килограм вишок. Токму затоа, секогаш се трудела да наиде на одобрување на јавноста, но и на својата баба кралица.
Беатрис има 26 години и иако и понатаму официјално е принцеза, тргната е од платниот список на Бакингемската палата. Во моментот е без работа, но на постојан удар на медиумите кои ја критикуваат дека не работи ништо, додека и понатаму живее во раскош.
Посебно ја повредиле наводите дека е мрзлива и дека не сака да работи туку дека ужива во туѓите пари и живее на сметка на славата која како принцеза ја има. Без оглед на се, таа е млада жена со најдобри врски во Лондон. Се дружи со сите, од ѕвезди до богати банкари. Сепак, прашање е колку и покрај сето тоа навистина е среќна.