Живот од цртани: Мики и Мини Маус биле во брак во реалниот живот (Видео)


Актерот Вејн Алвин, кој 30-години го позајмуваше гласот за цртаниот лик Мики Маус, дваесет години бил во брак со актерката Руси Тејлор, која пак го позајмувала гласот за Мини Маус.

MickeyMinnie03-copyПознатиот актер, гласот за Мики почнал да го позајмува во 1977-ма година.

Неговиот „фалсет“ можевме да го слушнеме до 1983-та година во филмот „Божиќната песна на Мики Маус“, како и во бројни забавни паркови на Дизни ширум светот.

Во 1986-та тој освои Еми награда за обработка на звукот во серијалот за NBC, „Неверојатни приказни“.

„Мики е вистинска ѕвезда. Едноставно мора да го сакате тоа „момче“, додека го имате, бидејќи знаете дека нема да е ваш засекогаш“, изјави Алвин.

Вејн Алвин почина во 2009-та година, а почесниот директор на „Walt Disney“, Рој Дизни изјави дека актерот не му го позајмил на Мики само неговиот глас, туку неговото срце и душа.

Од друга страна, Руси Тејлор е американска актерка која гласот на Мини Маус и го позајмуваше до 1986-та година, што е најдолга ваква улога направена некогаш.

Инаку таа моментално го позајмува гласот за дел од ликовите на Симпсонови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1