Животна исповед на сопругата на Дуле


Да беше жив, на 29 мај годинава Дуле ќе наполнеше 40 години. Овој ден за неговата сопруга Љупка отсега ќе биде  ден за тага и солзи.

dule-i-ljupka1– Минатата година роденденот на Дуле го прославивме во ресторанот “Фуфо“. Знаеш нас не ни требаше повод, секој ден ни беше роденден. Дуле никогаш не се срамеше од искажување на своите чувства, него не му требаше друг повод освен љубовта. Со Дуле се чувствував бескрајно сакана, заштитена, тој беше најдобриот татко на мојата ќерка Илијана“ со солзи во очите за „Свет“ се присетува Љупка, втората сопруга на Душан Љубисављевиќ .

“Вообичаено јас голем дел од денот го поминувам сеќавајќи се на Дуле. Ме боли што него го нема за да му се втрчаме во прегратка, за да не бакне мене и Илијана, за да ни каже убав збор и неговото „ве сакам двете’, вели Љупка. Но, сепак таа со  таткото на Дуле и неговото семејство не е во контакт“

По смртта на Дуле, Љупка и нејзината ќерка се враќаат во стварниот и суров свет.

-Ми беше тешко да и објаснам на Илијана дека го нема нејзиниот татко Дуле. Многу го сакаше, па го викаше тато. И велев, татко ти отиде кај мајка му, а таа ми велеше нели може да се врати само да го гушнам. Ќерка ми секоја вечер им мавта на ѕвездите, замислувајќи дека таму некаде горе е нејзиниот татко и дека ја гледа, вели Љупка за „Свет“.

Љупка вели дека и помага кумот Сефер, а контактира и со Калиопи, Каролина и Маја. “Можеби тие и не беа толку блиски со Дуле, но мене нивната поддршка многу ми значи. ’Од оние кои не очекував ја добив најголемата поддршка. По смртта на Дуле пробав да и се посветам на кафеаната, ама верувајте немам сили“.Тој и беше се и не само сопруг, туку и голем пријател, некој кој најмногу ја разбираше, но очигледно дека судбината сакаше така да биде…, со солзи во очите раскажува Љупка,  која многу тешко се привикнува на животот без саканиот сопруг

Курир

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1