Животот после смртта – искуства


Дали постои задгробен живот? Ова е прашање што сите си го поставуваат, а неговиот одговор се темели исклучиво во верата и вербата. 

smrtИмало многу случаи каде што луѓето тврдат дека  умреле и го виделе задгробниот живот, а потоа биле вратени меѓу живите – состојба што медицината ја опишува како клиничка смрт. Нивните приказни се навистина фасцинантни, а можеби  и малку застрашувачки.

Погледнете што тврдат дека виделе и почувствувале:

Чувство на мир и спокојство

Луѓето го опишуваат овој мир како најубавото нешто на светот. Многу спокој и многу љубов.

 Целиот живот во неколку секунди

Неколку луѓе велат дека во моментот кога ги затвориле очите пред да го напуштат светот, ги виделе своите најдобри и најлоши моменти во неколку секунди. Овој животен зрак го опишуваат како просветлување.

Голем број луѓе тврдат дека ја виделе „Светлината на крајот од тунелот“.

Оние чија што мајка била почината, велат дека ја виделе додека „преминувале“

Многу луѓе на смртната постела, ја чувствуваат својата мајка. Има и такви што пред да починат „разговараат“ со неа или ја споменуваат смирено.

Не сакате да се вратите назад

Замислете нешто толку смирувачко што нема да посакате да се вратите назад. Многу луѓе велат дека имале толку зен искуство што посакале да останат таму.

Мртвите роднини

Ако сте голема фамилија очекувајте да ги видите и своите роднини во задгробниот живот, барем според многу книги кои раскажуваат туѓи искуства со привремената состојба на смртност.

Можеш да го видиш своето тело, додека лебди душата и одвојувањето

Неколку луѓе велат дека доживеале неверојатно искуство, гледајќи како нивниот дух го напушта телото. Според нив во оваа духовна состојба видливи се и луѓето во просторијата.ри

анѓели чувари 

Луѓето што доживеале клиничка смрт велат дека биле пресретнати од анѓели чувари кои се грижеле за нив додека да го пронајдат патот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1