Тетово: Второоделенец загина враќајќи се од училиште


Ученик во второ одделение загина откако вчера околу 18 часот беше прегазен од трактор во тетовско Слатино

policija-skopje1-540x320

Враќајќи се од училиште со група други ученици, детето најверојатно било удрено со задното лево тркало од цистерната и задобило тешки телесни повреди.Со друго возило, веднаш е пренесено во тетовската клиничка болница, но за жал веќе било предоцна.Лекарите во болницата само ја констатирале смртта  на детето.

На местото каде е прегазено детето, полицијата и обвинителството направиле увид, а возачот бил обезбеден и со него се разговарало во полициска станица.

Тракторот со цистерната е одземен за вештачење.

Од полицијата велат дека преку понатамошната истрага ќе се дознаат уште детали, за тоа како дошло до трагедијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1