Осум нови случаи на жолтица за еден ден се пријавени во Центарот за јавно здравје-Скопје.
Меѓу новозаразените има средношколец, студент, двајца ученици од Шуто Оризари, дете кое оди во градинка во истата општина, информира порталот zdravstvo24.
Двајца заболени заразата ја добиле преку контакт со нивни близок кој веќе бил заболен.
Ваков случај е регистриран во општините Илинден и Бутел. Прв случај на жолтица е регистриран и во скопската општина Сопиште. Останатите заболени се од Шуто Оризари, Чаир и Центар.
Со новите случаи од почетокот ан епидемијата во главниот град со хепатит А се регистрирани вкупно 132 лица. Екипи од скопскиот Центар за јавно здравје се постоијано на терен и вршат дополнителна дезинфекција во училиштата и домовите каде има заразнено по неколку членови од едно семејство.