Жртва на педофил: Се замрзнав од страв и мислев на мајка ми !


Џејмс Стоун менаџер во еден паб во Велика Британија преку фејсбук завел 15 годишно девојче. Тој кажувал дека има 16 години и го убедил девојчето да му испрати разголени фотографии од неа.

pedofil„Штом го видов, се шокирав. Сфатив дека станува збор за постар човек и се замрзнав од страв“, изјавило девојчето кое Стоун го одвел во пабот каде ја принудувал да имаат секс, иако таа му велела дека е невина.

„Не можев да се мрднам од страв. Целото тело ми се закочи, како да не бев во него. Единствено што сакав во тој момент да видам беше мајка ми“, изјавила тинејџерката кога се вратила дома.

Таа на мајка си и признала дека се нашла со човек за кој мислела дека има 16 години. Загрижената мајка контактирала со „Letzgo Hunting“, организација која наоѓа педофили и ги носи пред суд. Преку два лажни профили во кои од организацијата се претставиле како девојчиња од 14 и 15 години, го намамиле Стоун во разговор.

Тој се пофалил дека имал секс со девојче кое е на нивна возраст. Групата на ловци на педофили се соочила со нив во пабот, а потоа интервенирала и полицијата при што Стоун завршил во затвор каде ќе отслужува затворска казна од осум години и цел живот ќе се запишува во регистарот на сексуални престапници.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1