Неколку стотини илјади луѓе во шпанската покраина Каталонија формирале човечки синџир долг 400 километри како поддршката за независност
– Целта на протестот е да се изрази поддршка на локалните политичари за отцепување на каталонската покраина од Шпанија, изјавиле претставници на организаторите Каталонското народно собрание.
Учесниците во протестот биле пренесени со 1.500 автобуси. Протестот е одржан на националниот ден на Каталонија – Диада и на овој ден 1714 година силите на шпанскиот крал Фелипе Петти ја поразиле каталонската војска.
Десничарската влада на премиерот Маријан Рахој одбил да се подели Шпанија и се заканил дека ќе го блокира референдумот за независност, кој претседателот на Каталонија Артур Мас го ветил за 2014 година.