Заврши пребројувањето на девет избирачки места на кои се прегласуваше во Струга и според добиените податоци од Државната изборна комисија, кандидатот на ДПА, Зијадин Села го победи Владимир Кочоски, со 20.723 гласа наспроти 14.659 гласа.
Во оваа општина при одржувањето на двата изборни круга и прегласувањето, вкупно гласале 35.570 гласачи.