Првиот снег ги покри западните делови на Србија уште од петокот, а денеска на Копаоник осамна магично утро за љубителите на зимските активности.
Октомврискиот снег не е ретка појава на оваа српска планина, но изненадување е што веќе има снежна покривка од 24 сантиметри.
Љубителите на зимските спортови се радуваат бидејќи раниот снег ветува добра скијачка сезона.