Бил Гејтс живее во куќа во местото Медина, во сојузната држава Вашингтон, со поглед на истоименото езеро, а неговиот имот се проценува на близу 150 милиони долари.
Гејтс потрошил и 14 милиони долари за да ја купи околната земја, со цел да не биде вознемируван од никого. Изградбата на домот траела 7 години.
Во домот има најнова и најмодерна технологија и се користат вкупно 82 километри оптички кабли.
Членовите на семејството, како и гостите, добиваат микрочип со кој се контролира се во секоја соба во која ќе влезат и тоа од осветлување, греење, музика, па дури и украсите на ѕидовите.
Некои врати тежат над 360 килограми, но се урамнотежени за лесно отворање. Бил Гејтс има и голема библиотека и базен со големина 5 на 18 метри и “куќичка” крај базенот со површина од 362 квадратни метри.
Куќата има и сала за гости, во која можат да бидат поканети до 150 лица. Како најчудна атракција е собата со трамболина која има висок таван и милијардерот и неговото семејство може да скокаат колку што сакаат.
ZaZabava.mk