– “Според законските регулативи, нема да ги објавиме резултатите, а тоа ќе го сториме во недела после 19:00 часот“, вели главниот и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски, пренесе Нетпрес.
– “Целата акција беше направена во само два-три дена, после последните, немили случувања во Охрид. Сакаме да дадеме еден скромен придонес како медиум во смирување на страстите и затоа се одлучивме за една ваква акција по примерот на октоподот Пол кој ги предвидуваше резултатите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка. Желба одбра, а сега останува и охриѓани да го кажат својот збор во недела на едни, се надеваме мирни, фер и коректни избори“, вели Митановски.