Златната рипка го погоди градоначалникот на Охрид – ќе му ја подарат во посебен аквариум


Охридското Супер радио, како што вети, вчера по 19:00 часот го објави „изборот“ на рипката Желба за градоначалник на Охрид.

zlatna ripkaЗлатната рипка Желба пред два дена „го бираше“ својот фаворит меѓу двајцата најсериозни кандидати за градоначалници на Охрид, Александар Петрески од „Сојузот за иднината“ и д-р Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ. Откако неколку минути се колебала од кој дел на поделениот аквариум да земе храна, рипката сепак тргнала кон делот кој беше обележан со сликата и партиските бои на кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.

Рипката одбираше градоначалник по примерот на октоподот Пол кој ги предвидуваше резултатите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, вели главниот и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски.

Според Митаноски, рипката Желба ќе ги помни долго и сите ветувања кои ги дадоа кандидатите за време на кампањата, а ќе му биде подарена на новиот градоначалник заедно со посебно дизајнираниот аквариум.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1