Злато и бакар нашле кај Медвеѓе


Компанијата Дунав Минералс ќе продолжи со геолошките истражувања на подрачјето Тулар во општина Медвеѓе, каде според претходните пресметки биле утврдени минерални резерви од 800,000 тони бакар и 78 тони злато, изјавил истражувачкиот менаџер Фил Фокс.


Тој објаснил дека истражувањето на местото Кисељак во близина на Тулар, било направено пред една и пол година и дека се донесени стотици примероци од длабочините до 80 метри.
Овие истражувања според зборовите на Фокс, покажале дека постојат лежишта со 300 милиони тони руда, кои содржат околу 0,27 % бакар и 0,26% грама злато по тон руда.

„За овој ресурс да стане рундик, мора да се направат уште неколку низа на студии, како што се металуршката, економската, социјални студии и влијанието врз животната средина. За се тоа ќе бидат потребни уште две до три години, а за тоа време ќе продолжиме со бушењето“, изјавил Фокс.
Дунав Минералс е филијала на канадската компанија Dunav Resources Ltd, која во текот на оваа година, за истражувањата на подрачјето на Србија, инвестирала 10 милиони евра, потсети проект геологот на фирмата на Дунав Минералс, Драган Драгиќ.

„Наоѓањето и развој на економски оправдано земјиште и претворање во оперативен рудник е долг и скап процес. На наоѓалиштето Кисељак, ние сме на почетокот на тој процес. Глобално само еден од 1000 истражувачки проекти стануваат економски оправдани рудници“, вели Драгиќ.

Во фирмата Дунав Минералс во Тулар, се вработени 37 луѓе, кои воглавно се од подрачјето на Медвеѓе. Тие велат дека се задоволни со работата и примањата, а се надеваат дека ќе работат, кога за тоа ќе се стекнат и услови, во вистински рудник.
Претседателот на општината на Медвеѓе, Слободан Драшковиќ, очекува дека со отворањето на рудникот ќе се допринесе за развој на ова подрачје, кое е едно од најсиромашните во Србија.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1