Оздравела од леукемија откако нејзиното куче ја презело болеста


 

Се до неодамна петнаесетгодишната Дариа Палот од Полска, се борела со тешка болест.

Била заболена од леукемија, поради што некое време минала во болнички кревет, а веќе во четири наврати била и на хемотерапија.

Но, нејзината здраствена ситуација, целосно, неочекувано, се променила на подобро, а нејзините родители се уверени дека за тоа е заслужна Голди, германски овчар (женка). Силвија, мајката на Дариа, изјавила дека со хоспитализацијата на нејзината ќерка, Голди наеднаш се разболела. На кучето следниот месец му било се потешко, а состојбата на Дариа нагло се подобрила.
Ветеринарите набрзо треба да ја оперираат Голди, по што ќе биде јасно дали ќе има надеж за нејзино преживување.
„Како Голди да ја презема болеста на нашата ќерка. Можеби на некого ова би му делувало глупо, но ние сме уверени дека е така“, изјавила Силвија.
Патот до целосно оздравување на Дариа е долг, но сега кога повеќе не е во болница, едвај чека да се врати и да волонтира во засолништето на напуштени кучиња, а голема желба има да помага и на други деца заболени од тешки болести, меѓу кои и оние кои ги запознала на одделот за онкологија во детската болница во Краков.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1