Фотографиите на кои, според порталот Либертас, е прикажана Ивана Вељаноска, ќерката на собранискиот спикер Трајко Вељаноски, на луд провод во Белград за време на новогодишните празници, се злоупотребени од личен профил на Инстаграм, тврди Дирекцијата за заштита на личните податоци за весникот „Вест“.
Сè уште нема ниту дефинитивна потврда дека станува збор за фотографии на ќерката на Вељаноски.
„Приватниот живот на ќерката на спикерот нема врска со работата на нејзиниот татко. Потсетуваме дека медиумите имаат обврска да бидат внимателни и сериозни кога пишуваат за такви теми, бидејќи се многу чувствителни и можат да ја нарушат приватноста на граѓаните” – рекле од Кабинетот на спикерот.
Неколку медиуми денеска објавија фотографија од ќерката на спикерот Вељаноски во костим за капење кои ја симнале од нејзиниот профил на инстиграм.