Знаела ли ЦИА уште во јануари за протестите во Македонија?


Директорот на националното разузнавање Џејмс Клапер во јануари годинава пред Сенатската комисија за разузнавање во делот за Западниот Балкан кажа дека без оглед на позитивниот развој на настаните во регионот во 2013 година, 2014-та ќе се карактеризира со длабоки етнички и политички поделби, при што ситуациите во Македонија и во Босна и Херцеговина добија назнака „особено експлозивни”.

CIA-logo-500x358„Македонската влада продолжува да турка програми наменети за промоција на етнички македонскиот национализам, на сметка на евроатлантската интеграција на земјата. Што подолго се одолголекува со македонското членство во ЕУ и НАТО поради спорот со Грција околу уставното име на земјата и слабите билатерални односи со Бугарија, толку е поголем ризикот дека ќе нарасне етничката напнатост“, проценува американското разузнавање.

Една недела по овој извештај, колумнистот на Дневник, Американецот и голем пријател на Македонија Џејсон Мико со вчудоневидување праша зошто само во два мали параграфа е споменета Македонија и Босна и Херцеговина. „Никаде не е спомената Грција, каде што петгодишната криза ја доведе земјата до работ и резултира со масовни граѓански немири. Никаде не се споменува ни неодамна „избеганиот“ грчки терорист Христодулос Kсирос од озлогласената група „17 Ноември“ (која убиваше американски дипломати во минатото) и кој се заколна дека „ќе ги згрми герилските пушки против тие што им ги украле животите и им ги продале соништата за профит“. Не се споменуваат ни Златна зора и нивното неонацистичко движење… Зошто?

Од каде ги добива Kлапер информациите за Македонија? Ги добива од американската амбасада, оперативците на ЦИА што работат во Македонија и во регионот… Ништо во извештајот на Kлапер нема допир со реалноста… Клапер погрешно го изедначува патриотизмот со национализмот. Тие две работи се сосем различни, а тој ја обвинува македонската влада дека е националистичка кога е таа едноставно патриотска. Но потоа, со поврзување на т.н. национализам со македонските евроатлантски интеграции, тој во основа вели: „Бидејќи Македонија одбра да се бори за своите име и идентитет, ја загрозува својата евро-атлантска иднина.“ Ова, се разбира, е фрапантна лага и македонските влада, бизниси и граѓанско општество секојдневно работат на зајакнување на таа врска“, напиша Мико.

Мкд.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1