Дали некогаш сте чукнале во дрво за среќа или сте кажале нешто како “да не се урочите“? Доколку сте го направиле тоа, знаете ли дека балканците не се единствените народи кои чукаа во дрво за добра среќа, или ја да истераат лошата среќа?
И на крајот дали сте се запрашале зошто точно чукаме во дрво?
Луѓето често удираат во дрво кога ќе изговорат некоја реченица која ја предизвикува судбината. Воглавно несвесно, удираат во дрво за да се осигураат дека нема да се случи нешто лошо. Односно, ако го гледаме историското значење, удираат во дрво за да ги истераат злите духови кои во него се наоѓаат.
Пред доаѓањето на христијанството и исламот многу пагански групи и култури, од Ирска па до Индија, стеблата ги обожувале и ги сметале за идоли. Некои ги користеле за предвидување на судбини во религиозни ритуали, а некои, како Келтите, сметале дека стеблата се домови на древните богови и духови.
Додека првите тропачи во дрво се уште се предмет на расправа, авторите Стефан Бехттел и Дебора Аронсон во своите книги (The Good Luck Book i Luck: The Essential Guide) пронаоѓаат врска меѓу овие стари духови во дрвата и денешното тропање.
Една од можните верзии е дека вистинските пагани кои ја населиле Европа тропале во дрво (од кое биле направени куќите) за да ги истераат злите духови од дрвото и да се спречат да ги прислушуваат разговорите внатре во домот.
Друга верзија вели дека некои пагански групи ги обожувале овие духови во дрвата, така што за добра среќа ги ставале рацете на дрвото. Низ вековите, овој верски обред прераснал во пократок начин на обожување, односно во брзо тропање за среќа.
До 1800 година, многу детски игри содржеле во себе и тропање по дрво, иако самата идеја е многу постара.
Во разни култури постојат и разни варијанти на овој обичај. Во Шпанија се допира дрво по некоја случка која би можела да донесе лоша среќа. Американците и Британците ја задржуваат раката неколку секунди на дрвото, а понекогаш само затропуваат.
Во Романија се верува дека лошите работи можат да се избегнат до топање во дрво, во Бугарија се удира во дрво за да се избегнат лоши вести, додека во земјте од поранешна Југославија, воглавно се тропа за да се потврди нешто, односно да не се случи нешто лошо – „Да чукнам во дрво“ или “да не се урочам“
Lider.mk