Според верувањата на старите племиња душите не се задоволуваат само со оние 70 или 80 години колку што поминуваат на овој свет, па затоа постојано се враќаат за да преживуваат нови искуства.
Идејата дека нашите души се реинкарнираат е позната веќе подолго од 3.000 години.
Еве некои знаци дека сте сретнале личност што сте ја познавале во минатиот живот.
1.Веднаш чувствувате поврзаност или отфрленост од страна на таа личност
Кога размислуваме за лицата што сме ги познавале во минатиот живот, воглавно мислите не водат до нашето семејство, пријателите или љубовните партнери. Често кога ќе запознаете некого со кого сте имале некаква врска и во минатиот живот. Чувствувате одредена доза поврзаност со него. Но, што се случува кога ќе сретнеме некого што во минатиот живот воопшто не ни се допаѓал? Кон нив ќе негуваме негативни емоции, а може дури и да се случи истиот миг да почувствуваме отфрленост од нивна страна. И во двата случаи, ова е знак дека вашите души се познаваат од порано.
2.Ви се чини дека имате телепатска поврзаност со некоја личност
Ова не значи дека морате да имате познавање од телепатски вештини и дека едни до други знаете да си праќате ментални пораки. Сепак, веројатно ви се случило во еден миг да ја спомнете таа личност, а во следниот таа да ви прати порака. Исто така, некогаш можете точно да знаете што сака да каже таа личност со која што имате толку длабока конекција и пред било што да изговори. Многу е тешко да се објаснат ваквите врски, но уште потешко е истите да бидат прекинати.
3.Го гледате тоа во нивните очи
Дали некогаш сте се загледале во нечии очи и сте останале вчудоневидени? Дали ви се причинило дека тие исти очи сте ги гледале повеќе пати? Ако нечии очи ви изгледаат познато, можно е тоа да е така затоа што претходно веќе сте ги виделе во минатиот живот. Многумина тврдат дека само очите остануваат исти низ сите животи и ни овозможуваат да ги препознаеме нашите духовни пријатели од претходните животи.