ЗОО: Упаднаа вооружени и изршија масакр врз птиците, без докази – ќе поднесеме кривична пријава


На својата фејсбук страница се огласи ЗОО Скопје. Во соопштение за јавност тврдат дека е извршен масакр врз птиците без докази. Дека вооружени лица упаднале и ги убиле птиците кои слободно се шетале.

Најавија дека ќе поднесат и кривична пријава за директорот на АХВ.

„Изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За ова дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“, се вели во соопштението.

Од друга страна од АХВ ја информираа јавноста дека по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1.

„Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.“

Согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца. Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина,ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на Птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и  спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето. 

Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители. 

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1