Еден од главните опозициски новинари и поддржувач на политиките на СДСМ, Зоран Димитровски- Жоро од Фокус преку својот Фејсбук профил побара градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да си поднесе оставка.
-Жерновски да си поднесе оставка! Тоа е најмалку што може да го направи во моментов!, напиша Димитровски.
Подоле во коментарите Димитровски допишува дека Жерновски и нанел штета на опозицијата и дека е јасна волјата на граѓаните.
-Жерновски треба да сноси одговорност зашто сметам дека и нанесе штета на опозицијата, додава опозицискиот новинар.