Грција ќе го напушти еврото ако мора да прифати уште штедење


Ризикот Грција да го напушти еврото ако мора да прифати уште мерки за штедење не е блеф, изјавил грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Тој додавал дека никој не може да предвиди кои ќе бидат последиците од таквиот излез.

Во разговор со норвешкиот филозоф Џон Елстер направен кон крајот на март и објавен во француско списание, Варуфакис вели дека не е време да се блефира околу преговорите за долгот на Грција.greece-exit-euro

– Не можеме да блефираме повеќе. Кога велам дека ќе завршиме со тоа што ќе го напуштиме еврото, ако треба да прифатиме уште повеќе неодржливо штедење, тоа не е блеф, рекол Варуфакис.

На прашањето што ќе се случи ако Грција ја напушти еврозоната, Варуфакис се осврнува на коментарите од страна на европските политичари кои велат дека ефектот на зараза може да се избегне. Тој, сепак, додава дека верува оти последиците ќе бидат непредвидливи.

– Секој кој се преправа дека знае што ќе се случи на денот кога ќе бидеме турнати во провалија, зборува глупости и работи против Европа, истакнал грчкиот министер за финансии

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1