Македонци го освојуваат „Х фактор“: Боби ги остави без зборови, а Давид ја расплака Александра Ковач!


Алмир Исмаили од Скопје, кој што работи како техничка поддршка, растури на Х фактор. За него пишавме и претходно кога ги вџаши судиите со својот прекрасен глас. Сега тој се претстави со песна од Џастин Тимберлејк „What goes around comes around“.x faktor

Освен Алмир, на Х Фактор одлично се претстави и Боби Мојсовски, кој на македонската публика е познат како вице-шампионот на шоуто “МК Талент“ и Гран При победник на светски реномираниот фестивал “Славјански Базар“ во Витебск, Белорусија.

И третиот наш победник, Давид Темелков, одлично ја изведе песната „Тајно моја“ од Тоше Проески, па дури и ги расплака судиите. Бравос момци, само напред.

 

Конечните 6 кандидати, кои дефинитивно ќе ги видиме и во следната фаза, се момците кои воодушевија и со својата прва аудиција – Антонио Криштофиќ, Илија Михаиловиќ, Милан Букилиќ, мулти талентираниот Синиша Видовиќ и секако нашите Македонци – Боби Мојсоски и Давид Темелков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1