Не знаел дека ја завел сопствената ќерка и сега е татко и дедо на исто дете


Алфред Мокоена од Јужна Африка, некогашен професор не знаејќи дека Нонхланла му е родена ќерка, пред четири години ја завел својата 16-годишна ученичка која недолго потоа на свет му донела син, односно внук.

Нонхланла Нксумало (20) им потврдила на локалните медиуми дека таа и Мокоена тогаш немале поим дека се татко и ќерка, па за крвното сродство дознале дури откако стигнале резултати од тестот за татковство кој тој го побарал.father-son

Поради страв за неговата репутација, тој некое време одбивал да признае дека имал сексуални односи со девојката, па дури и му се заканувал со смрт на новинарот кој ја истражувал приказната.

„Му се извинувам на новинарот што постапив така. Во тоа време бев многу збунет и не сакав луѓето да дознаат за моите срамни постапки. Се извинувам и затоа што ја игнорирав сопствената ќерка сиве овие години иако знаев дека живее недалеку од мене и дека го гледа моето дете. Ја искористив, ја искористив нејзината младост и фактот дека ме почитуваше како професор.“

Нонхланла Нксумало нагласила дека веројатно би се скршила ако мајка ѝ и нејзиниот очув не ѝ пружеле поддршка и додала дека долго време живеела во страв дека нејзиното дете ќе биде хендикепирано.

-Сега има четири години, нормално оди и зборува, па сум уверена дека со него се` е во ред. Но, навистина немам поим како ќе му објаснам еден ден дека неговиот татко воедно му е и дедо, објаснила девојката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1