Касиерка од Белград вели дека нејизната плата не е доволна за ништо, сопругот не може да најде работа, а нејзиното синче ќе тргне на училиште, па затоа морала да најде дополнителна работа. 32-годишната Зорица М. вели дека немала друг начин да преживее освен тој да се занимава со најстариот занает на светот – проституцијата.
Нејзиниот сопруг затвара очи на тоа што таа го прави во доцните часови, бидејќи знае дека друг начин нема.
– Не го правам тоа зошто го сакам или зошто сакам бесна кола, дијаманти и бунди…сакам само добар живот за семејството, вели жената за српскиот Курир.
Нејзиниот сопруг го повредил рамото, веќе не е работоспособен и морал да земе инвалидска пензија. Паднал од скеле и ја повредил и кичмата.
Во новата работа ја одвела нејзина колешка од работа, која и признала дека за повеќе пари се среќава со мажи навечер и им нуди сексуални услуги.
– Со сопругот плачевме заедно цела ноќ, се прашувавме како може да дојдеме до ова. Мака ми е, не уживам, но морам, вели Зорица.