Зорица по 30 год докажа дека бебето и го украле во болница, а не починало како што и кажале


Нејзината приказна сугерира дека исчезнувањето на бебињата од породилните сали во Србија, во периодот од седумдесетите до денес, не се само теорија на заговор, туку и реалност во која голем број на учесници профитираат од трговијата со луѓе.

Зорица Јовановиќ Баточина е првата жена од Србија која на Европскиот суд за човекови права во Стразбур успеала да ги оправда сомневањата дека нејзиниот син е роден и наводно украден во 1983 година и дека се уште е жив. Информациите за неговата смрт не биле заведени ни до ден денешен.

bebe inkubatorНејзината приказна говори дека исчезнувањето на бебињата од породилните сали во Србија, во периодот од седумдесетите до денес не се само теорија на заговор, туку реалност во која голем број на учесници профитираат од трговијата со луѓе. Родителите никогаш не успеваат да ги пронајдат нивните исчезнати деца.

Бебето добило ознака 10, а утредента починало „Октомври 1983 година родив здраво машко дете во Клиничкиот центар.

,,Два дена го имав во моите раце, го негував, а тој беше во одлична здравствена состојба и доби проценка 10 од медицинскиот персонал. На третиот ден во 06:30 бабица ми влезе во собата и изјави дека моето дете починало. Причината била пукање на капиларите во мозокот. Како и зошто тоа одеднаш се случило, никогаш не дознав, затоа што никогаш и не ми соопштија. Се обидов да побарам помош во болница, но ме спречија, се обидоа да ми дадат седативи, но јас се спротиставив. Мојот сопруг и јас бевме во шок, и баравме било каков траг од нашиот син, но никогаш па ниту денеска, не добивме никакви официјални документи на кои пишува дека тој е мртов“, вели Зорица Јовановиќ.

Во недостаток на законски регулативи, Зорица, и нејзиниот сопруг чекале да им се соопштат некакви вести, а речено им е дека обдукцијата ќе биде направена во Белград, далеку од нивните очи. Како што минувале годините, а законската регулатива изостанала, Зорица безуспешно се надевала дека ќе дознае што се случило со нејзиното синче, а нејзините надежи се зголемувале кога дознала дека не е единствен случај.

bebe555Таа во 2002 година доаѓа до информација дека нејзиниот син бил запишан во матичната книга на родени, но не и во книгата на умрени, како и дека во неформалниот напишан лекарски извештај, стои дека причината за смртта на бебето е непозната. Истата година, масовно се појавуваат слични исчезнувања на бебиња од породилните одделенија и Зорица поттикната од бројот на родителите, кои од 2002 година масовно ги пријавувале своите искуства од породилиштето, таа се обратила во Стразбур.

Државата Србија, како што вели, константно ја саботира нејзината потрага по синот, со тоа што не соработува и не спроведува никаква активност да се влезе во траг на тоа дете. Зорица во 2003 година, поднесува кривична пријава против медицинскиот пресонал во породилиштето во Чуприја, но пријавата е одбиена.

„Три години подоцна, Собранието на Србија излегло со извештај кој беше срамен. Поради тоа што мојот случај се случи во осумдесетите години, кога немало закони кои се однесувале на крадењето на бебињата, ми објаснија дека е невозможно да се реши мојот случај или слични вакви случаи кои биле застарени. До 2010 година, ова ни го повторуваа, а единствен кој нешто направи за да се мрднеме од мртвата точка, е Заштитникот на граѓаните Саша Јанковиќ, кој таа година изјави дека државата не направила се што е во нејзина моќ, да ги реши овие случаи и дека е можно бебето да било одземено од неговите родители, и дека е живо и здраво. Мојот син е жив и јас силно верувам во тоа. Ако државата не сака да ми помогне да го пронајдам, јас ќе одам во Стразбур“, вели Јовановиќ.

bebe-porodiliste-1378756547-363903На Европскиот суд за човекови права таа изјави дека владата избегнувала да им овможи да му даде информации за новороденчето и дека нејзиниот син е даден на посвојување и дека е жив, додека владата се бранела дека е истечен случајот. Покрај тоа, се наведува дека, во времето на поднесувањето на кривичните пријави, не постоела Европската конвенција за човекови права и основни слободи, на основа врз која Владата би реагирала.

Државата има направено заклучок дека Зорица Јовановиќ нема основа да се надева на некаков надоместок, и покрај тоа што имало неколку извештаи за исчезнати бебиња од 2003 до 2013 година.

Стразбур ги истакна најважните заклучоци Спорно е, како што тврди државата, што кривичната пријава не ја поднела таа, туку нејзиниот (сега веќе починат) сопруг. Злочинот на одбраната се состои од обвинувања дека нејзиниот случај е во тек и нецелосен, односно дека постои реален сомнеж дека нејзиниот син е жив, поради тоа што нема податоци дека починал. Судот застанал на нејзина страна и наредил на Зорица во рок од три месеци да и се исплатат 10,000 евра надокнада, како и 1800 евра трошоции за адвокатот.

bebe raka„Никакви пари не можат да го вратат мојот син кој е жив, и можеби има друго семејство и не знае за мене. Не знае дека го барам повеќе од 30 години. Судот и нареди на Србија да во рок од една година од конечната пресуда на 9 септември 2013 година, да направи нешто по прашањето за пронаоѓање на сите деца, и сите ние се надеваме и го чекаме септември и некакви резултати. Доколку не се превземе никаков чекор, повторно ќе ја тужиме државата и ќе одиме во Стразбур.

Родителите ги навредува тоа што државата се обидува со пари да го надомести загубеното. Ние нема да го заборавиме тоа што ни се слуи, и тоа не е никаква теорија на завера, туку е нешто што ни се случи и ќе продолжи да се случува се додека во Србија има добра подлога за тоа“, објаснува Зорица, која поради претрпениот стрес се лечи од депресија уште од 2009 година, а сопругот и починал минатата година и не успеа да го дочека епилогот од пронаоѓањето на неговиот син.

Од Министерството за правда велат дека формирале работна група со цел да го утврдат точниот број на родители кои трагаат по нивните деца. Таа група се состои од претставници од Министерството за здравство, Внатрешни работи, Републичкото јавно обвинителство, Министерството за Правда и државна управа и Министерството за вработување и социјална политика. Како што велат ќе биде вклучен и Народниот правобранител. Воспоставување на механизми Министерството за правда наведе дека главната цел е до 9 септември 2014 година да воспостави механизам со кој ќе се работи на овие случаи. Тој механизам треба да обезбеди и материјален надоместок на оние родители за кои ќе се утврди дека биле во слична ситуација како Зорица.

bebeСо оглед дека пресудата станала правосилна на 9 септември 2013 година, крајниот рок за воспоставување на механизам е 9 септември 2014 година. Така рокот на една година се однесува на воспоставување на механизам, а не за да го обезбеди конечниот одговор и надомест на другите родители. Примарната задача на овој механизам ќе биде да се утврди дека родителите не добиле јасен одговор за судбината на нивните деца, и кога ќе се утврди кои се тие родители, покрај тоа што се превземени расположливи мерки за да се дојде до прецизни податоци за судбината на нивните деца, ќе се утврди и правото за одреден надомест.

Начинот на одредување на износот на надокнада треба да биде утврден до истекот на рокот од година дена од правосилната пресуда“, велат од Министерството за правда. Оваа работна група од 3 февруари годинава, до денес одржала два работни состаноци, со цел да собере податоци за сите пријавени случаи, според одговорот на Министерството за правда.

6000 родители во Србија трагаат по нивните исчезнати бебиња. Во последните пет децении расте борјот на пријави во врска со бебињата  и само во текот на 2013 и 2014 година, 37 семејства се изјасниле дека нивните деца веднаш по раѓањето, биле прогласени за мртви под сомнителни околности, велат податоците од групата на родители во Белград и невладината АСТРА организација.

Како и во случајот на Зорица постојат докази дека бебињата се заведени во книгата на родени – НО НЕ И ВО КНИГАТА НА ПОЧИНАТИ. што и ги наведува родителите да се соменваат дека нивните бебиња се дадени на посвојувања на црно и се некаде живи и здрави.

Во Нови Сад и предградијата постојат меѓу 20 и 25 родители кои во текот на оваа и минатата година пријавиле во здруженијата за родители дека се сомневаат дека нивните мили станале жртви на трговија со деца. Ваквата бројка не е кончена затоа што постојат родители, кои, од страв, недоверба во државната регулатива никогаш не ги пријавуваат своите случаи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1