Зошто бил Ангелов спречен да влезе во МРТВ – само си ја вршевме професионалната задача велат од „Бранител“


Агенцијата за обезбедување на имот и лица „Бранител“ има важечки договор потпишан по спроведена постапка за јавна набавка со МРТ за 24 часовно обезбедување на објектите на МРТ.

-Ние како агенција, водејќи се од професионалните стандарди за обезбедување на објекти од ваков карактер како што е МРТ, кои се пропишани меѓ другото и во Правилникот за обезбедување, секогаш постапуваме максимално професионално и коректно со сите посетители во МРТ, велат од Агенцијата.mtv zgrada2

Како што објаснуваат, вчера по барање на еден нивен вработен кој што бил на смена во МРТ лицето од радиото 103 да покаже документ за идентификација, истото одговорило дека личната карта му е во студио.

-Нашиот службеник заедно со лицето се качиле во студиото на радиото. Лицето по влегувањето во студиото веднаш започнало со реализација на емисија игнорирајки го присуството на напшиот службеник. И по поминување на 15 минути и љубезно чекање од страна на нашиот вработен, истото лице не давало документ за идентификација. По сето ова, службеникот од нашата агенција согласно стандардната процедура го замолил да дојде со него до пријавницата да го заведе во книгата за посетители и да си продолжи со реализацијата на емисијата, велат од „Бранител“.

Од Агенцијата информираат дека ова е стандардна процедура за сите лица кои не се вработени во МРТ, а ги користат просториите на МРТ за најразлични програмски цели.

-Со оваа соопштение ги отфрламе тврдењата дека сме направиле упад во радиото, напротив, само си ја вршевме нашата професионлна задача. Ги отфрламе и забелешките за некакво наводно попречување на медиумот, бидејќи нашата професионална активност и постапување врз основа на правилникот и стандардите е еднаква кон сите субјекти независно од нивната дејност, додаваат од Агенцијата за обезбедување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1