Зошто не треба да се откажувате од кафето


Кафето е добро за срцето и мозокот

Луѓето кои пијат 1 до 3 кафиња дневно, имаат помали шанси да добијат мозочен удар споредено со оние кои не пијат кафе. Се смета дека кафето е побогат извор на антиоксиданти отколку боровинките, чија антиоксидантна моќ е далеку позната. Антиоксидантите од кафето го супримираат штетниот ефект од воспалението на артериите.

Веднаш по консумирањето на кафе, крвниот притисок и срцевата фреквенција се зголемуваат, но не за долго, бидејќи антиоксидантите го активираат азотниот оксид, кој е моќен вазодилататор на крвните садови, а нивното ширење консеквентно придонесува за намалување на крвниот притисок.

Кафето го намалува ризикот од дијабетес

Едни од антиоксидантите што ги содржи кафето, наречени хлорогенична киселина и квиниди, играат улога во поттикнување на клеточната сензитивност кон инсулинот, односно хормонот кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта. Студиите покажуваат дека луѓето кои пијат 4 или повеќе чаши кафе на ден, може да имаат понизок ризик од развој на дијабетес мелитус тип 2. Други студии, пак, покажаа дека кофеинот може да ја намали сензитивноста на клетките кон инсулин и затоа доколку се пијат повеќе чаши на ден, се препорачува да се меша со декофеинизирано кафе.

Кафето го чува здравјето на црниот дроб

Според некои истражувања, луѓето што пијат кафе, имаат помала инциденца на цироза и други црнодробни заболувања. Во некои студии откриено е дека 2 чаши кафе на ден го намалуваат ризикот за црнодробен карцином за 43%. Ова се должи на благотворното дејство на антиоксидансите во кафето, како што е хлорогенската киселина што го спречува воспалението и го спречува растот на туморски клетки.

Кафето ги поттикнува мозочните функции

Студиите сугерираат дека консумирањето на 1 до 3 чаши кафе на ден можат да го намалат ризикот од деменција, Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест. Антиоксидантите од кафето можат да го спречат оштетувањето на мозочните клетки и да им помогнат на невротрансмисерите кои се инволвирани во конгитивното функционирање.

Кафето ја спречува главоболката

Студиите покажа дека 200 милиграми кофеин можат да бидат одличен начин за избегнување на главоболки и мигрени. Иако не се знае точниот механизам за тоа како кафето ја намалува и ја спречува главоболката, се мисли дека ја поттикнува активноста на мозочните клетки, што предизвикува констрикција, односно стегање на крвните садови

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1