Нема веќе трчање по шалтери – Такси и надоместоци ќе се плаќаат со картичка


Од почетокот на следниот месец, плаќањето на административни такси и останати услуги за добивање на документи од страна на државата, граѓаните ќе може да го вршат по електронски пат, односно со платежни картички, информираат од владата.

– Од почетокот на следната година наместо најпрво да се оди на шалтер во пошта или банка и да се плаќа на уплатница, тоа ќе може да го направат на самите шалтери на институциите, каде ќе бидат поставени апарати за користење на платежните картички, изјави портпарлот на Владата Ѓорѓиев.

На овој начин ќе се избегнат и дополнителните трошоци бидејќи граѓаните веќе нема да плаќаат провизии кон банките или поштите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1