Зошто никој не сака да живее овде?


Среде пацификот се наоѓа остров на кој температурата цела година е над 17 степени, земја има, а шансите да ве нервираат соседите се минимални. Проблем е што таму никој не сака да живее.

Питкернските Острови се британска колонија, нејзина најмала, која денес брои помалку од 50 жители. Првите жители на овој остров биле бунтовници од бродот HMS Bounty, заедно со нивниот лидер Флетчер Кристиан.pnkt-ostr-500x320

Локалното население на сите начини се обидува да привлече нови жители, но досега пристигнало само едно барање.

Интересно е дека уште 2004. година тој остров го погоди скандал со сексуално злоставување на деца, по што во затвор завршија шест мажи, вклучувајќи го и локалниот градоначалник Стив Кристиан, потомок на легендарниот Флетчер Кристиан.

Од тогаш популацијата на тој остров во живот ја одржува британската влада, а таа се повеќе се намалува. Пред Втората светска војна на тој остров со површина од околу 3 квадратни километри живееле 200 жители.

Единствена врска на островот со цивилизацијата се бродовите кои тргнуваат од Нов Зеланд, но и нивната фрекфентност е намалена, а оддалеченоста од Нов Зеланд е повеќе од 3.500 километри, пренесе Телеграф.

Постои само една продавница на островот, која работи три дена во неделата, а нарачките за храна мора да се направат три месеци однапред бидејќи се` доаѓа од Нов Зеланд.

Повеќето жители на тој остров се потомци на бунтовниците од HMS Bounty. Со себе донеле шест полинезиски мажи и 12 жени од Тахити.

Џеки Кристиан (44) која го застапува островот во Европа и го промовира туристички, и сама признава дека островот се наоѓа „среде ништо“. „Но еднаш кога сте таму, поврзани сте со остатокот од светот како и сите други. Островот има струја и интернет. Тоа е преубаво место и преубаво е да ги видите ѕвездите без позадинското светло на градовите. Таму има најсина вода која некогаш сте ја виделе“, додава таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1