Зошто оваа жена сака да ги видите фотографиите на нејзината почината ќерка? (Видео)


Џеки Смолвулд се надева дека фотографиите од нејзината ќерка ќе им помогнат на сите оние кои се борат со зависност.

Два месеци откако оваа мајка ја пронашла својата 26-годишна ќерка Самер Мајерс предозирана со хероин, таа сака да им помогне на сите оние кои се борат со зависност.Screenshot_67

Според зборовите на оваа мајка, покојната девојка била перфекционист и примерен студент, која одеднаш станала целосно друга личност кога преку социјалната мрежа My Space запознала маж кој ја одвел во светот на дрогата. После тоа, Самер се` повеќе тонела во светот на зависноста, а таму го вовлекла и целото семејство – крадела пари, предмети, а подоцна завршила и во затвор.

Кога го напуштила затворот, продолжила да се дрогира, а семејството не можело да и` плати за рехабилитација. Прв пат се предозирала на 4 октомври 2014 година, а втор пат со фатален исход на 4 јануари оваа година. Оттогаш Џеки е одлучна во намерата да им покаже на другите какви страшни работи може да направи хероинот.

Пред да даде интервју за Alaskan Dispatch вестите, несреќната мајка на својот профил на Фејсбук објавила соопштување во кое навела што сака да постигне со оваа приказна во медиумите.

„Многу сум возбудена, но јавноста ќе добие доза реалност во лицето. Ќе ги споделам фотографиите од Самер пред хероинот, за време на хероинот и една фотографија на која се гледа како полицијата го изнесува нејзиното тело. Ова нема да биде за оние со слабо срце или оние кои се чувствителни, но сакам да видите што хероинот може да и` направи на една личност. Ова е само почеток, тек ќе почнам да ја раскажувам нејзината приказна. Иако не е жива, Самер ќе им помогне на луѓето, а јас ќе бидам нејзиниот порпарол“, напишала таа и додала дека ќе напише книга и дека нејзиниот живот после ова добил смисла.

„Потрошен е еден преубав живот, еден прекрасен ум“, рекла Џеки во интервјуто во кое се појавил и нејзиниот син.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1