Зошто Папата носи црвени чевли?


Белата боја на облеката на Папата го симболизира славењето на воскреснувањето на Исус, додека црвената боја на неговите чевли нема литургиска позадина како останатите парчиња гардероба на поглаварот на Римокатоличката црква. Но, речиси е сосема сигурно дека наследникот на Бенедикт XVI во духот на традицијата ќе носи токму црвени чевли.

crveni cevli papaВо еден римски кварт близу Ватикан се наоѓа работилницата на Антонио Арелан, позната по еден посебен и верен клиент. Станува збор за веќе поранешниот Папа, Бенедикт XVI кој своите црвени чевли со големина 42 ги купувал токму кај овој Перуанец.

Традицијата на носење црвени чевли датира уште од Византиското царство кога обувки во оваа боја смееле да носат само три личности:царот, царицата и Папата. Тој обичај се задржал сѐ до Папата Иван Павле II кој чевлите од црвена телешка кожа ги заменил со кафени.

Чевлите на Папата биле украсени со златен плетен крст на предниот дел. Со текот на времето должината на крстот се намалувала,а од 1958 година Папата Иван XXIII на чевлите додал и златно копче кое се задржало до 1969 година кога, исто како и златниот крст, го укинал Папата Павле VI.

365

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1