Зошто се раѓаат повеќе момчиња отколку девојчиња?


Отсекогаш е познато дека момчињата и девојчињата не се раѓаат во ист број, но во светот генерално се раѓаат поголем број бебиња од машки пол, бидејќи во утробата повеќе живеат машките сперматозоиди, според една нова студија, спроведена од британските и американски научници.bebe jajce

Податоците на германскиот Статистички завод од 2013 година укажуваат дека се родени  349.820 момчиња и 332.249 девојчиња.

– Иако експертите долго време претпоставувале дека при оплодувањето се создаваат повеќе машки ембриони, соодносот на половите при зачнувањето всушност бил непознат и покрај стотици години шпекулирање и истражување, обајвија научниците.

Тим од експерти, предводен од Стивен Хехт Орзачки, претседател на истражувачкиот институт Фреш Понд во Кембриџ, заклучија дека иако морталитетот во однос на половите варира во некои фази од бременоста, морталитетот на машките плодови е почест на почетокот, поради, како што се претпоставува, поголемиот број генетските абнормалности.

Минатата година научниците од англискиот универзитет во Екстер во списанието „BMC Medicine“ објавија студија, според која кај женските плодови веројатноста да бидат пометнати во подоцнежниот период од бременоста е поголема за десет отсто.

До овие сознанија научниците дошле со проучување на околу 30 милиони живородени бебиња низ целиот свет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1