Зошто старите ве тераат да ги следите свадбените обичаи – еве што тие значат


Свадбените обичаи од минатото не се изоставени ни кај најсовремените венчавки. Најчеста причина е тоа што тие се забавни и многумина ги практикуваат иако не го знаат нивното потекло и значење. Ви откриваме како настанале и што значат некои кои најчесто се практикуваат.

Свршувачка – дарување

life-partner-marriage-vedic-astrology-horoscopeПред свадбата, доаѓа свршувачката! Свршувачката е чин во кој двете семејства се запознаваат. Според древниот обичај, зетот со своето потесно семејство и кумот одат кај невестата на ручек. По запознавањето, невестата добива свршенички прстен, а од мајката на младоженецот добива подароци и накит. Идната невеста ги дарува сите присутни мажи со кошули, а на жените им подарува различни материјали за фустани. По ова дарување, почнува организацијата на свадбата и сите детали во врска со претстојната венчавка.

Свадбите се најчесто во есен

Вообичаено е свадбите да се одржуваат во есен, а тоа има логични причини. Бидејќи животот бил подреден со селски активности, есента е периодот кога се завршуваат сите полски работи, па прославите биле одложувани за периодот кога нема толку работа. Но, толку многу работи треба да се направат пред чинот на свадбата, па е добро ако младенците запомнат се’.

Купување на невестата

На денот на свадбата, младоженецот оди на невестата, каде што ја „купува“ со пари и дукати. Некогаш тие своти биле многу високи, но овој обичај е укинат, а денес од овој обичај останале само шегите во вид на симболичен откуп на невестата.

galicka-svadba-21-520x346Гледање низ свршеничкиот прстен

Невестата треба на денот на нивната венчавка да го погледне младоженецот низ свршеничкиот прстен, тоа ќе и’ ја донесе неговата вечна љубов. Старите воглавно им го препорачуваат овој обичај на младенците, бидејќи така новиот брачен пар ќе има долг и среќен живот.

Венци на главата на младенците

Терминот венчавка потекнува од обичајот на младенците да им се ставаат венци на главите во текот на церемонијата. Венецот на главата го симболизира животот на младенците до венчавката и благослов од црквата за младенците. Потоа на идните сопружници им се врзуваат рацете со бело марамче, што е симбол на нивната слога, поврзаност, верност и љубов. Зборовите кои се изговараат во текот на венчавката се преполни со симболика, како на пример: Боже благослови го овој брак, дај им мирен живот, долговечност, заемна љубов, деца, имот, слога на душите и телата, удостои ги да ги видат децата на своите деца…

gadjanje-jabukeГаѓање јаболка

Друг интересен обичај е поврзан со јаболка, која се поставува на врвот на дрвото пред куќата на невестата, па додека таа не се собори, младоженецот не може да влезе во куќата на невестата. После тоа, сватовите се окитат со рузмарин и сите заедно одат на венчавка во општината и црквата.

Фрлање на бидермаерот и фрлање на парички

По церемонијата на венчавката, невестата фрла букет над нејзиното рамо кој го фаќаат немажените девојки. Се верува дека девојката која ќе го фати е следната која ќе се омажи. На вратата на црквата, кумови фрлаат пари по сватовите, а тоа е симбол на благосостојбата која ги чека младенците во заедничкиот живот. После тоа започнува веселба која знае да трае и неколку дена.

Сечење на торта

Сечењето на свадбената торта, кое заедно го извршуваат невестата и младоженецот е исто така многу стара традиција која го симболизира заедништвото на младиот пар.

Пренесување преку прагот

И, се разбира, кога се’ заврши и младенците појдат дома, младоженецот ќе ја пренесе невестата преку прагот. Тоа е пагански обичај на старите Словени по кој се смета дека духовие на предците живеат во прагот на секоја куќа, па да не ги гази невестата кога првпат ќе влезе во куќата, младоженецот ја пренесува преку прагот почитувајќи ги така своите предци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1