Зошто целата династија Ким е опседната со бројот 9? (Видео)


Анализата на датумите и бројките значајни за владејачкото семејство на Северна Кореја покажала дека целата “династија” Ким е опседната со бројот 9. Според тоа критичниот престоен датум би можел да биде 10.04.’13.

 

dinastija korejaСеверна Кореја е позната како таинствена земја, која што ја води таинствената династија, а во моментот на заострување на односите со западот поради ескалацијата на нуклеарната програма, се вложуваат големи напори за да се објасни според што лидерите ја водат својата мисија. Според пишувањето на британскиот “Guardian”, само еден број е “виновен за се” – бројот 9!

Се започнало во времето на ослободувањето на Кореја од јапонската окупација, кога постоеле 8 шамани кои што претставувале 8 корејски провинции. Најмоќниот помеѓу нив бил оној од областа Пјонган-до.

dinastija koreja2Приказната вели дека токму тој бил оној кој на Ким Ил Сунг му рекол дека судбината во неговата крвна ложа ќе биде поврзана за бројот 9, кој во источна Азија се смета за среќен. Можеби токму поради тоа, Ким за датум за основање на Демократската Народна Република Кореја го прогласил 9 септември. Иако во тоа време станувало збор за пет провинции, тој го зголемил овој број на 9 провинции. Командата на врвната гарда, односно личната гарда на Ким, била преименувана во Единица 963, со оглед на тоа што двојната деветка се сметала за исклучително среќна.

Династијата Ким поседува сопствен прехранбен синџир, кој исто така го користи бројот 9. Така, ширум Северна Кореја можат да се пронајдат т.н. фарми 9 и деловни објекти 9, кои посебно се поврзуваат со партиската централна финансиска администрација. Производите на споменатите фарми се користат за исхрана на семејството Ким и истите се нарекуваат број 9.

dinastija koreja3

Ким Џонг Ил го нагласувал фактот дека е роден на 16 февруари, а за партиски секретар бил именуван три години и три месеци по смртта на неговиот татко. Тој побарал регистрацијата да му почнува на броевите 216, а за да ги прикрие своите автомобили, со овие броеви започнувале и регистрациите на сите припадници на владејачката елита.

Ким Џон Ун првата официјална функција на генерал на Народната Армија ја добил на 27.09.2010 година, а на 11.04.(20)12 бил именуван и за прв секретар на Работничката партија, додека на 18 јули истата година го добил чинот маршал.

Кога Северна Кореја започнала да го привлекува вниманието на светските медиуми со лансирањето на своите ракети и нуклеарните проби, странските аналитичари често објаснувале дека датумите на раѓање на членовите од династијата Ким или датумите на важните државни годишнини влијаеле на изборот на датумите на овие настани. Секако, ако внимателно се анализира, повторно станува збор за бројот 9.

Првата нуклеарна проба извршена била на 9 октомври 2006 година, а втората ракета со долг домет била лансирана на 05.04.2009, додека следната била успешно лансирана на 12.12.(20)12 година. Најновата нуклеарна проба била извршена на 12.02.(20)13 година, а во неодамнешното пропагандно видео објавено на интернет сервисот Јутуб, во кое што источниот брег на САД е проголтан од “огненото море”, може да се види ракетата означена со бројот 9.

Tocka.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1