Зошто Украина им значи толку многу на големите Америка и Русија?


Сиромашна е како Парагвај, а корумпирана како Иран. За време на 20-тиот век во неа владеел глад под власта на Сталин, историски масакр над Евреите, и една од најлошите светски нуклеарни катастрофи (Чернобил, 1986 година). Business Week појаснува зошто Украина им е толку значајна на големите светски сили.

UkrajinaУкраина е богата со природен гас, и нација на 45 милиони лица кои живеат на стратешка точка северно од Црно Море. Украина им значи на Русија, Европа, САД, па дури и Кина. Американскиот претседател Обама на 19 февруари негирал дека Украина е парче од „шахот на Студената војна“. Но, најдобрата надеж на Украина е дека ќе добие специјален третман токму затоа што е ценет пион во најновата верзија на Големата игра, битката за влијание помеѓу Русија и Британија која се одвивала во 19 век.

Русија, која се протега низ Европа и Азија, добила голема улога во владеењето во Европа уште од владеењето на Петар Велики на почетокот на 18 век. Алијанса со Украина е она што им го овозможува тоа на Русите.

7-proc-put-01

„Без Украина, Русија не може да биде Евроазиска империја“, рекол американскиот политолог Збигњев Брзезински во 1998 година. Рускиот претседател Владимир Путин сака Украина да се придружи на неговата Евроазиска унија за трговија, но не на Европската унија. Црноморската флота на Русија е сместена во Севастопол, поранешен руски град која сега и’ припаѓа на Украина.

gasМинатата година рускиот Газпром продаде околу 160 милијарди кубни метри природен гас во Европа. Половина од оваа количина помина низ лавиринтот на украинскиот гасовод, без кој Русија би имала многу поголеми трошоци за транспорт. Овој гасовод ги снабдува и украинските фабрики кои произведуваат железо, челик, петрохемикалии и други индустриски добра кои се продаваат во Русија.

„Украина е веројатно повеќе интегрирана од било која друга Советска република со руската економија“ – вели Едвард Чау, еден од професорите во Центарот за стратешки и интернационални студии во Вашингтон.

Кина на Украина гледа како сигурен извор за нејзиниот огромен апетит за храна и енергија. И’ позајмува на земјата милијарди долари за да го подобри одгледувањето на храна во фарми и да развие гасификација со јаглен. Во декември, Јанукович и кинескиот претседате Џи Џинпинг се согласија да потпишат „пакт на пријателска соработка“. Според официјалниот весник на Кина China Daily, во замена за земјоделски производи и енергија, со согласиле да соработуваат на инфраструктурата, финансиите, високата технологија, авијацијата и аеронаутиката.

Западните нации сакаат да ја чуваат Украина да стане пропадната земја и да го обесхрабрат Путин повторно да ја земе нацијата под своја власт употребувајќи сила. САД, кои се зафатени со конфликтите од Сирија до Авганистан, сметаат дека Украина е претежно проблем на ЕУ. ЕУ се надеваат дека ќе и’ кажат добредојде на стабилизираната Украина, но се’ уште е рано.

Украина се соочи со Портокаловата револуција во 2004 и 2005 година. Бунтот кој го симна Јанукович е втора шанса.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1