Ѕвездата на Гранд преживеа хорор: Пеел додека насилникот убивал луѓе околу него


Натпреварувач во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ Зоран Бушин синоќа се нашол во морничава ситуација за време на својот настап во Житиште, во близината на Зрењанин, кога Синиша Златиќ уби 5 и повреди повеќе од 20 лица.zoran-busin

-Беше страшно. Човек пукаше во девојката, веројатно беше љубоморен, а подоцна тргна да пука по останатите гости. Повеќе од 40 минути се чекаше на брза помош. Не можам да дојдам на себе. Да не му ја одзедоа пушката, веројатно ќе имаше повеќе жртви, рекол Зоран.

-Пукање од оружје за време на „Чикен фест“ во Житиште, влета човек во масата луѓе кај што пеев во градината на кафулето, зеде калашњиков и почна со рафална стрелба по луѓето. Не знам колку мртви и колку повредени има…Во шок сум…Боже те има ли…Сочувство на семејствата на настраданите – напишал Зоран на Фејсбук.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1