Ѕвездите од хит-серијата „Игра на тронови“ заработуваат по 500.000 долари по епизода!


Според анкетата на „Вариети“, со која сакале да добија проценка на платите на во моментот најголемите телевизиски ѕвезди, Емилија Кларк, односно мајката на змејовите, Даенерис Таргарјен, потоа Николај Костер-Валдау (Џејми Ланистер), неговиот брат во серијата Тајрон Ланистер, Питер Динклејџ, сестрата Серси, односно Лена Хиди, како и Џон Сноу, односно Кит Харингтон, сите заработуваат еднакво по епизоди: цели 500.000 долари. Значи, полна сезона, со 13 епизоди на секому од нив значи повеќе од шест милиони долари.
Еднакво толку по епизода заработува и Кевин Спејси во „Куќа од карти“, а блиску е и Клер Дејнс со улогата во „Татковина“. Тие двајцата, за разлика од екипата на „Игра на тронови“, се и продуценти на своите хит-серии.

ХБО в понеделник ќе ја емитува седмата, последна епизода од седмата сезона на „Игра на троновите“, која секако ја обележаа и проблемите со хакерите. Полицијата во Индија пред извесно време уапси четири лица, за кои се сомнева дека пуштиле онлајн епизода од хит-серијата. Четвртата епизода од седмата сезона протече на интернет на 4 август, два дена пред терминот кога требаше да се емитува низ светот на каналот ХБО. И покрај тоа, таа епизода беше една од најгледаните.
Официјалниот трејлер на финалето е веќе обелоденет.

Првата епизода од седмата сезона на „Игра на тронови“, ги надмина сите рекорди на гледаност на мрежата ХБО. Преку многуте сервиси што ги пренесуваат каналите на ХБО, првата епизода од седмата сезона ја гледале повеќе од 16 милиони луѓе, со што тоа е најгледаната премиера на ХБО воопшто. За споредба, првата епизода од минатата шеста сезона ја гледале околу осум милиони обожаватели, а пак, последната – 25,7 милиони.

Фантастичната приказна за дворските игри околу тронот, „Игра на тронови“, заснована на романите на Џорџ Р. Р. Мартин од серијалот „Песна на мразот и огнот“, е една од најнаградуваните и најгледаните серии на денешницата, но и најпиратизирана серија во историјата на телевизијата. Серијата привлече милиони обожаватели ширум светот и освои многу номинации и награди, какви што се „Еми“ за најдобра драма серија или номинацијата за „Златен глобус“ за најдобра телевизиска серија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1