Две ѕвона изработени од месинг тешки по 70 килограми се украдени од манастирот „Св. Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј.
Непознатиот сторител кражбата ја извршил во периодот од 20-ти до 21-ви јануари, а од црквата случајот во полиција бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на тешката кражба.