По кратка и тешка болест, синоќа почина Љупка Димитровска, познатата македонска пејачка на забавна музика.
Нејзиниот прв албум под името „Љупка“ е објавен во 1975 година, по што следеше долга и успешна кариера со голем број на албуми и синглови.
Љупка Димитровска беше позната во цела поранешна Југославија, а голема популарност имаше и во Чехословачка и Германија.
Голем дел од нејзините хитови ги напиша Никица Калоѓера со кој се венчаше во 1968 година. А многу од песните ги изведе во дует со Ивица Шерфези.
Димитровска учествуваше на Југовизија во 1970 година со песната „Бај,бај“ со која го освои 6 место. Родена е на 25 јули 1946 година во Скопје, а до својата смрт живееше и работеше во Загреб.