13 правила на кои ќе мора да се придржува Меган Маркл


Oд мали нозе девојчињата сонуваат да се принцези. Дворец од бајките, шармантен принц и кралство – нема подобро. Но, животот на вистинските принцези не е толку лесен како што на прв поглед изгледа. Така што Меган Маркл ја очекува голема промена на животниот стил. „Брајт сајд“ издвоил низа правила на кои ќе мора да се придржува…

Потпишување автограми – Кејт, сопругата на принц Вилијам, смее да се фотографира и да се ракува со фановите, но не и да потпишува автограми. Според кралските правила, може да се потпишува само на службените документи. Причината за тоа е стравот на кралицата Елизабета Втора дека никој би можел да ги фалсификува нивните потписи и да ги користи против семејството.

Без разлика каква и била поранешната професија, сега мора да се откаже. Работата на Меган сега ќе се состои од посетување добротворни вечери, училишта и болници. Се верува дека Кејт Мидлтон не ги сака таквите настани па ги избегнува. Поради тоа некои ја нарекле „мрзливата Кејт“, имајќи предвид дека таа најчесто од семејството ги пропушта таквите настани.

Според дрескодот, Меган може да користи само проѕирни лакови, без никакви облици и шаренила на ноктите.

Кралицата го смета за непристојно изразувањето на емоциите во јавност и инсистира до тоа да се придржуваат членовите на семејството. Поради оваа правило, постоеја гласини за несогласувања помеѓу Кејт и Вилијам.

На Кејт и Меган им е дозволено да купуваат во супермаркети и во трговски центри само во придружба на обезбедувањето.

Пред бракот, Кејт обожавала крзно и постојат многу докази за тоа на интернет. Но, откако се омажила, крзно ѝ е дозволено да носи само во исклучителни ситуации, и тоа само ако животното починало од природни причини.

Членовите на кралското семејство не смеат да гласаат или да се кандидираат во парламентот. Тие се обврзуваат дека ќе ја задржат неутралноста и дека нема да го расипуваат својот углед преку политиката.

Без разлика на нејзиниот личен стил, Меган сега ќе мора да носи „скромна“ и „елегантна“ облека. За нејзиниот стил внимателно ќе се грижат стилисти.

Според кралскиот протокол, постои забрана за „монопол“, бидејќи играта е „злобна и бесмислена“.

Сите членови на кралското семејство мора да се придржуваат на протоколот и да седат само на позициите предвидени за нив. Исто така, кога кралицата ќе заврши со својот оброк, сите мора да престанат јадат.
Постои строга забрана за користење на социјалните мрежи во кралското семејство. Правилото се такво бидејќи личните информации можат да станат јавни. Постојат официјални страници на кралското семејство на Твитер и на Инстаграм, но строго ги контролираат професионалци, кои внимателно ги избираат фотографиите и го пишуваат текстот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1