Авиомеханичарот од кобниот лет: Никој не знаеше што се случува, пилотот нѝ најави слетување


Ервин Тумури е еден од шесте преживеани во фаталниот лет во кој загина речиси цел тим на Чапекоенсе, и истовремено човекот кој мина со најлесни повреди од големата несреќа која го зави во црно цел фудбалски свет.

Авионскиот техничар од Боливија е комплетно свесен по незаборавната трагедија и веќе во неколку наврати даде кратки изјави за слученото, но сега во последната изјава за „Блу радио“ говори доста подетално за последните минути пред уривањето на авионот.prezivean

Тумури во своето обраќање за локалното радио во Меделин открива што се случувало пред кобниот пад, образложувајќи дека сите мислеле дека станува збор за слетување на писта, онака како што најавил претходно пилотот од кабината.

– Никој не знаеше што се случува. Сите мислевме дека тоа беше слетување бидејќи пилотот и неговиот екипаж ни најавија такво нешто. Го почувствувавме падот во висината, но цело време мислевме дека се работи за слетување. Сите го очекувавме тоа. Се беше многу брзо, во еден момент почна да вибрира авионот, се изгасија светлата и излегоа маските за кислород. Тогаш почнаа лошите вибрации во авионот, никој не знаеше дека има некаков проблем – изјавил Тумури, во овој момент демантирајќи ги медиумите кои пренесоа негова изјава дека го следел протоколот за фетална положба за да си го спаси животот.

– Немаше време за ништо. Не бев во потрага по куфер, а немаше ниту станати луѓе од своите места кои викаа. Верувајте ми, немаше време за ништо – се потсетува Тумури на страшните моменти кои и покрај тоа што ќе ги памети до крајот на животот, вели дека брзо ги надминал.

– Сакам да продолжам со оваа професија, сакам да станам пилот. Веќе се качив во авион по несреќата. На почетокот ме фати голем страв, но потоа се беше многу нормално – додал Боливиецот

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1