Балканот не престанува да се тресе: Земјотрес од 5,6 степени


Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди источна Романија.zemjotres

Епицентарот на земјотресот бил на 149 километри северно од Букурешт, на длабочина од 91,25 километри.

Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Земјотресите со таков интензитет се умерени, но можат да предизвикаат одредена материјална штета. Длабочината на епицентарот на земјотресот ги намали последиците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1