Бебе почина откако се оттргнало од рацете на баба му и паднало


Женско бебе на на 14-месечна возраст вчера починало во приватна болница во Скопје, каде било пренесено откако паднало од височина од 2,5 метри.

Бебето се оттргнало од рацете на бабата кога биле на меѓуспрат во влез и преку прозорец паднало надвор.

Задобило скршеници на черепот и крварење во мозокот и покрај интервенцијата во болницата, починало вчера во 19.10 часот.

Синоќа во 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од болницата „Аџибадем Систина“-Скопје пријавено е дека кај нив било донесено 14-месечно женско бебе, велат од МВР.

Бебето имало скршеница на череп и крварење во мозокот и во 19.10 часот починало.

Се работи на расчистување на случајот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1