Босанец уценувал струмичанка -„уплати ми 2000 евра или ќе ги објавам фотографиите“


Полициската станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична пријава против 27- годишниот М.В, државјанин на Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’.

М.В. во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа ,,Facebook’’, побарал од лице од Струмица да му испрати фотографии со интимна содржина. Откако оштетената му пратила фотографии, пријавениот од мобилен телефон и испратил пораки во кои барал да уплати 2.000 евра на сметка, а во спротивно и се заканил дека фотографиите ќе ги објави на социјалните мрежи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1