Чад и оган од моторот на авионот за Белград – патниците останаа во Скопје и попладнето


Авионот што требаше да лета на редовна линија Скопје-Белград, со број на лет „РО 9212“, требало да летне утрото во 4.35 часот, но само што тргнал, патниците забележале дека од десниот мотор излегува густ црн чад и оган. Покрај утринскиот лет не полетаа ни патниците кој требаше да патуваат со оваа компанија со попладневниот лет. Сите се префрлени за летот утринава .  

avion - er srbija

Но и вечерниот лет доцнел – Авионот требало да лета кон Скопје, но поради дефект патниците до 2 часот по полноќ чека на аеродромот во Србија. Полетувањето во два наврати им било откажано. Им било кажано дека  авионот се поправа, и конечно полетаа после 2 часот по полноќ. Утринскиот лет пак утрово полета во предвиденото време без никакви проблеми.

Зошто вчера двата лета на оваа компанија се откажаа – Патниците што завчера требаше да летаат со авион на српската авиокомпанија „Ер Србија“ кон Белград се затечени од односот на компанијата и од одговорните лица на аеродромот „Александар Велики“, кои негираат дека еден од моторите на авионот се запалил.

er-srbija– Навистина сум изненаден од односот на „Ер Србија“, како и од нивното негирање и непризнавање на сериозноста на инцидентот што се случи вчера на летот за Белград. Дали сакаат да кажат дека сите патници во авионот патевме од колективно лудило проследено со халуцинации и гледавме нешто што, всушност, според нив, никогаш не се случило? Тоа е навистина срамно! Техничарите, додека траеше пријавувањето, ги известија пилотите дека има проблеми со електрониката, но тоа не ги спречи во намерата авионот сепак да се држи до распоредот за летање. Додека стјуардесите безгрижно ја правеа вообичаената презентација на безбедносните упатства, пилотите го стартуваа левиот мотор по што веднаш се почувствува непријатна миризба внатре во авионот, но стјуардесите ги игнорираа реакциите на патниците. Штом го стартуваа десниот мотор, од него почна да излегува чад и неколку секунди потоа беше видлив огнот.

Тогаш една патничка го привлече вниманието на стјуардесата и замоли да погледне што се случува надвор. По две минути подоцна ги изгасија моторите и пристапија кон евакуација на патниците. Дури 10 минути потоа дојдоа противпожарните возила на аеродромот. Многу жалам што во моменти на евакуација не го извадив телефонот да го сликам огнот оти не знам тогаш што ќе речеа сите што негираат дека овој мал механички проблем, всушност, испушта оган како ламја? – вели Петар Стојковиќ, патник во авионот, за Дневник.

AERODROM ALEKSANDAR VELIKIСпоред патниците, пред да избувне огнот авионот имал проблеми со стартувањето. Неколку пати снемувало струја и при последниот обид пламнал моторот.

Од компанијата „Ер Србија“ и вчера негираа дека се случило такво нешто.

– Мојот одговор е ист како и вчера. Дојде до механички проблем кој во меѓувреме отстранет. Со оглед на тоа дека безбедноста на патниците е на прво место, како кај другите авиокомпании во светот така и кај нас одлуката авионот да се приземји, а патниците да се букираат на алтернативни летови беше сосема соодветна. Искрено се надевам дека ова објаснување е доволно. А коментарите на патниците ги видов, но, за жал, не можеме да ги спречиме да го поделат своето мислење јавно – вели Маја Гедошев, одговорна за корпоративни работи во „Ер Србија“.

Дел од патниците продолжија со своите коментари по повод овој настан на своите фејсбук-страници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1