Дали оставањето на телефонот на полнач ја уништува батеријата?


Дилемата околу правилното полнење на мобилните телефони е една од најчестите кога се работи за технологијата.

Многумина се прашуваат дали оставените уреди цела ноќ на полнач и штетат на батеријата и дали полнењето на телефонот, додека сеуште не е потполно празен, го скратува работниот век.

baterija1Слободно можеме да кажеме дека ова се митови на современото време, а во продолжение ви ја откриваме вистината што се однесува до овие споменати работи.

Оставање на телефонот на полнач и штети на батеријата

Поголемиот дел од луѓето ги оставаат телефоните на полнач иако тој потполно е наполнет. Факт е дека нема никакви докази дека на овој начин и штетиме на батеријата. Модерните паметни телефони користат литиум-јонски батерии кои се доволно „паметни“ да престанат со полнење кога ќе се наполнат до максимум.

Не полнете го телефонот додека батеријата не е потполно празна

Батериите имаат одреден број на циклуси на полнење пред да ја изгубат способноста да ја „задржат“ струјата. Овој циклус се состои од полнење на батериите до врв кога таа е скоро празна. Причината што батеријата пропаѓа е што таа веќе искористила голем број на полнења, а не затоа што сме ја полнеле кога била полупразна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1